Зошто Трансфер на Технологија
Што е ...?
 
  Трансферот на технологии е процес на примена на иновациите. Трансферот на технологии овозможува технологијата, знаењето, или информациите стекнати во една област, или организација, или пак за ордедена цел, да се применат (или искористат) во друга област, или организација, или за друга цел.
Зошто...?
 
 

Активно управувајќи го трансферот на технологија, компаниите го редуцираат временскиот трошок и трошоците за воведување на нови технологии, што доведува конечно до конкурентни продукти. Трансферот на технологија е во форма на комерцијален договор помеѓу две компании- донаторот и реципиентот.

Трансверот на технологијата е процес на примена на иновациите, што овозможува технологијата, знаењето, или информациите стекнати во една област (или организација, или пак за одредена цел), да се применат (или искористат) во друга област (или организација, или за друга цел).

Трансферот на технологија го намалува двојно истражувањето. Цените на долготрајните истражувања се намалени со повеќекратна апликација на резултатите. Преку трансферот на технологијата се олеснува присуството на одредена технологија на надворешните пазари, притоа овозможувајќи им на компаниите да внесат своја експертиза назат во системот. Сепак, основната причина за поддршка на процесот на трансфер на технологија е влијанието на неочекуваните позитивни ефекти (spin-offs) во реалните апликации. За релативно мало инвестиционо покачување, ефектот на spin-off може значително да се зголеми, а тоа е она што индустриите во земјите во транзиција го очекуваат.

Комерцијалното планирање го контролира трансферот на технологија. Овој план се фокусира на изместувањето на трансферто на технологија од истражувањето и развојните лаборатории во рацете на поединци или дејности со вештини да го комплетираат развојот, да го пласираат продуктот и да го достават во рацете на купувачот.

Атрибути!
 
 

Трансферот на технологија бара транзиционо планирање
Најкршливите точки во процесот на технолошки развој се појавуваат со промени во проектното водство, и товарот на транзиционото планирање во трансферот на технологија нужно паѓа најмногу на страната која ракува со технологијата.

Пазарните знаења го придвижуваат техничкиот развој
Пазарните анализи ја го оправдуваат движењето кон комерцијален технички развој. Само пазарните знаења може да го оправдаат инвестирањето во комерцијален технички развој. Ова вклучува документирање на потребите на корисниците, големината на пазарот, клучови за индустријата, стратегија на цените, анализа на најдобрата пракса и предвидувања на трендовите, идентификација на пазарните бариери и анализа на конкуренцијата и опции на замена.

Трансферот на технологија зависи од прилагодените можности
Успехот во здружените R&D (развој и истражување) финансиски потфати, лиценсирање на технологии и директниот трансфер на технологија зависи во голема мера од "организационо-персоналните" прилагодувања кои ја олеснуваат транзицијата. Успешно предавање на технологија се случува кога партнерите се дополнуваат меѓусебно на следните начини: заедничко управување на сите перформанси и персонал поставени во дијаграмот на иновацискиот процес, сите страни се договорат за прагот на големината на пазарот, цените и пласирањето на продуктот, страните ја организираат транзицијата преку организациони единици со сличен опсег и ниво, сите страни ја делат (или најмалку ја разбираат) перцепцијата и проценката на ризик, сите страни се сложуваат на приоритетите и нивоата на обврски.

Движечките сили на индустријата го контролираат индустрискиот трансфер на технологија
Деловниот потенцијал ја нуди единствената прифатлива логика за индустриска техничка иновација. Пазарните податоци (не техничките) ја оправдуваат инвестицијата во технолошки развој. Инженерските успеси, испитувања на теренот, и технолошките демонстрации можат да создадат комерцијален развој само после сондажа низ пазарни анализи и калкулации за враќањето на инвестицијата. Заманувајќи ги техничките податоци со пазарни информации значително ги зголемува можностите за директен технолошки трансфер.

Трансферот на технологија вклучува и човечки бариери
Технолошката иновација ја признава промената во работните токови, листите на добавувачи, потребите од тренинг, базите на клиенти, регулациони барања, начини на плаќања и голем број други поединости. Ваквите фактори на човеково влијание може да постават големи бариери во комерцојализацијата на нова технологија. Човековото влијание и потенцијалните бариери од човековото влијание бараат дефинирање и процена во ист облик како и во техничкиот развој, анализа на пазарот, и планирање на инфраструктурата.
Трансферот на технологија мора да ги согледа ризиците
Согледувањето на ризиците ја претставува најважната задача во промовирање на техничката иновација, и пазарните колебања го претставуваат најкритичниот ризик за оние кои донесуваат одлуки во индустријата. Пазарните знаења се претпоставени да ги оправдаат сите инвестиции во комерцијален технички развој, но никакво инженерско знаење ниту технички податоци не е способно да ги намали претпоставените ризици кои настануваат од пазарните и деловните колебања.

Сè на сè, проширените разбирања на процесот на иновации значително ги подобруваат шансите за комерцијален успех. Сигурно, наоружувајќи се со знаење, кое ја намалува нервозата и несигурноста меѓу потенцијалните партнери - при прифаќањето на формулацијата на плановите - допринесува до поздраво резонирани комерцијални напори. Во многу случаи, посебно меќу оние кои спроведуваат трансфер на технологија, и мали подобрувања во разбирањето и односот можат да направат чуда во намалување на наизглед непремостливите потешкотии во прифатливи рамки.