КОЈ СМЕ НИЕ
За проектот:  
 

Проектот на ГТЗ (Германско Друштво за Техничка Соработка) за трансфер на технологија - ГТЗ ТТ е еден од најважните проекти во рамките на билатералната соработка помеѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Главна цел на Проектот е поддршка на македонската влада во создавањето услови за ефикасен трансфер на технологии, како еден од најзначајните фактори во подобрувањето на конкурентната способност на малите и на средните претпријатија. ГТЗ ТТ учествува активно во креирањето на политиката за технолошки развој на Република Македонија и во формирањето на Центар за трансфер на технологија, чија основна задача е поттикнување на иновативната дејност и примена на резултатите од истражувачката работа во практиката. Центарот за трансфер на технологија нуди широк спектар на услуги, од информации за нови технологии, преку можности за финансирање, до вмрежување на знаење и партнерство.

Проектот ГТЗ Трансфер на технологија (ГТЗ ТТ) има канцеларија во Скопје, а Централата се наоѓа во Ешборн, Германија.

Наши партнери:   
 

Политички партнер на ГТЗ ТТ во реализирањето на проектот за трансфер на технологија е Министерството за економија на Република Македонија.

ГТЗ ТТ е дел од големата фамилија на ГТЗ проекти низ целиот свет и соработува активно со бројни меѓународни институции и организации што работат на полето на социјалниот и економскиот развој.

ГТЗ ТТ соработува со владини институции, општини, универзитети, истражувачки институти, стопански комори, здруженија на мали и средни претпријатија, консултантски куќи, невладини организации, меѓународни проекти итн.